Во рамките на прославата по повод 9ти Ноември ободувањето на градот Општина Велес одржа свеченост на сцената на театарот Ј.Х.К. Џинот на која пред присутните гости се обрати градоначалникот Марко Колев. “На ѕидовите околу нас со невидливо мастило испишани се имињата на бројни знајни и незнајни јунаци, улиците по кои чекориме послани се со нивната пролеана крв која до денес одекнува потсетувајќи не на аманетот за слободен Велес кој пред 78 години ни го оставија. Минатата година на овој ист ден посакав заедно да го градиме Велес во достоинствено и достојно место за живот за сите сегашни и идни генерации. Денес, една година подоцна ви велам дека можеме. Покажавме дека со посветена и макотрпна работа во Велес може да се живее убаво“, истакна Градоначалникот Марко Колев.
Општина Велес традиционално ги додели и деветтоноемвриските награди на граѓаните кои со својот личен белег оставиле траг во заедницата. Општина Велес со Благодарница Благодарници 9 Ноември за 2022 го одликуваше и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ која што во името на одредот ја прими Иван Гушев. Оваа Благодарница е круна на седумдесет годишното работење на извидникиот одред Димитар Влахов 1952 – 2022 и 100 години од појавувањето на првиот скаутски стег во Вардарската бановина во рамките на Кралството Југославија 1922 – 2022.