Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се стекна со Сертификат за квалитет IASS: 2020-2022

Во периодот од седумдесет годишното појавување на извидништвото на територијата на град Велес и 68 години од формирањето на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со гордост истакнуваме за следното: по предходна анализа на позитивни споменувања, како и од екстерна анализа од аспект на услужливост и доверба, гаранција за квалитет на услугите кои ги испорачува извидничкиот одред “Димитар Влахов“-Велес и неговото позитивно пристапување во соработка со трети лица ова здружение се стекна со
“Сертификат за квалитет IASS 2020 : 2022“.
Со овој сертификат извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес докажа дека во целост го оправдува своето постоење и остварување на својата мисија која дава придонесе во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Воедно со овој Сертификат се стекнавме и со баркод (технички наречен QR Code) кој може да се скенира и да веднаш да се има пристап до издадениот и верифициран Сертификат на нашиот извиднички одред.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.