Извидници волонтери


Во организација на
Општина Велес и Фондацијата Фокус на 16 февруари 2008 година во ресторан „Снупи“ (Офицерски дом) се одржа манифестацијата „Велешка пастрмајлија“ .
Манифестацијата имаше хуманитарен карактер, каде што се презентираа производителите на пити пастрмајлии и вино. Собраните средства од продажбата на донираните пити и вино ќе бидат наменети за доопремување на детското одделение при градската болница во Велес, во рамки на проектот „Насмевка во пижами".
Како волонтери на оваа манифестација се приклучија и членови на извидничкиот одред Димитар Влахов и тоа: Златко Ристов, Лорета Манева, Гроздан Нецинов, Димитар Јорданов, Ангел Радевски  и  Петре Попов.

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.