По повод Светскиот ден на волонтерите 5 Декември, Сојузот на извидници на Македонија
ја организираше еколошката акција Боренка – акција за пошумување на опожарените подрачја во близина на Кокино. На настанот присуствуваат претставници на Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство како покровител на Боренка и претставниците на Национални шуми
На оваа еколошка акција извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес зема учество со петмина извидници и тоа Иван Гушев, Анѓела Митрева, Мелани Трајковска, Емануела Теовска и Мартина Димовска.