На 16.11.2024 год. (сабота) по повод 13 ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во организација на извидничкиот одред “Браќа Миладиновци“ од Скопје се организираше еднодневната извидничка акција “Извидниците за својот град“.
На оваа извидничка акција со 12 извидници во две патроли учество зема и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес предводени од одредскиот началник Иван Гушев.
На оваа извидничка манифестација извидниците се натпреваруваа во следните активности како ориентација, полигонски игри, откривање на предизвик, тестови од повеќе области и квиз натпревари.
Со учеството на оваа извидничка активност велешките извидници ја задржуваат традицијата на учество на извидничките активности кои се планирани со одредската програма за 2024 год.