Извештајот за XXIV Вардарската регата Гемиџии 2024 усвоен од Советот на Општина Велес

На 55-та седница на Советот на Општина Велес која се одржа на 17.10.2024 год. (четврток) во просториите на Општина Велес во рамките на дневниот ред на седницата беше разгледан и наративниот и финасискиот извештај за реализација на Вардарска регата “Гемиџии 2024“ реализирана од извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес.

Извештајот за реализацијата на Вардарската регата “Гемиџии“ пред Советот на Општина Велес беше презентиран од страна на Старешенината на одредот, м-р Ангелче Гушев кој беше  прифатен од страна на 22 советници за и еден воздржан. Предходно Извештај за реализација на Вардарска регата “Гемиџии 2024“ беше усвоен од страна на Комисијата за спорт и Комисијата за финансирање, Буџет и локален економски развој кој се одржаа на 16.10.2023 год.

Треба да се нагласи дека при разгледувањето на Извештајот за реализацијата на Вардарската регата Гемиџии 2024 год. беше истакнато дека регатата веќе се враќа во стариот обем на организирање на регата да и се делегира надлежност на организација која ќе организира и да започне да се организира од јануари 2025 за да биде запазени сите услови за нејзина реализација.

Беше презентирано и дека од идејата прерасна во реалност  Вардарска регата заврши во Солун и после 121 година и дека се оствари вековниот сон да Гемијата повторно пристигне во Солун. Советот на Општина Велес во целост беше запознат со активностите кои беа превземени во делот на реализацијата на регата Велес – Солун.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.