На 45- та седница на Советот на Општина Велес која се одржа на ден 26.12.2023 година (вторник)
во просториите на Општина Велес во рамките на дневниот ред на седницата беше разгледан и Извештајза реализација на Вардарска регата “Гемиџии 2023“ реализирана од Извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес.
Извештајот за реализацијата на Вардарската регата Гемиџии пред Советот на Општина Велес
беше презентиран од страна на Старешенината на одредот, м-р Ангелче Гушев кој беше
едногласно прифатен од страна на сите 21 советници. Предходно Извештај за реализација на Вардарска регата “Гемиџии 2022“ беше усвоен од страна на Комисијата за општествени дејности и Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој кој се одржаа на 25.12.2023 год.
Треба да се нагласи дека при разгледувањето на Извештајот за реализацијата на Вардарската
регата Гемиџии 2023 год. беше истакнато дека регатата веќе се враќа во стариот обем на организирање и на регата да и се делегира надлежност на организација која ќе организира и да започне да се организира од јануари 2024 за да биде запазени сите услови за нејзина реализација. Беше презентирана и идејата дека наредната Вардарска регата се планира да трае осум дена и тоа да заврши во Солун и после 121 година се оствари вековниот сон да Гемијата повторно пристигне во Солун.