Во рамките на активностите поврзани со 21 март – Денот на пролетта, Зелената коалиција во која што партиципира и извидничкиот одред “Димитар Влахов“, организираше пошумување на терените околу спомен костурницата во Велес. Акцијата беше насловена како “Зелена акција за Велес“, а се пошумуваше фронталниот дел на спонем костурницата со декоративни растенија. На ова пошумување нашиот одред беше најброен и беше преставен со дваесет извидници. Во во акцијата “Зелена акција за Велес“ се вклучи и Градоначалникот на град Велес, г-дин Горан Петров. Со акцијата за пошумување која се одржа на 20.3.2011 (недела) се докажа дека Зелената коалиција е најорганизирана НВО коалиција во Македонија.