За да ни стане уште појасно, да не не манипулираат !!!

Почитувани браќа извидници,

за да станат работите уште појасни околу обуката на кадри во Македонија во неколку наврати јавно реагирам на начинот на организирање на обука на кадри од страна на единствената институција во Македонија, Началкникот на СИМ, Драган Анчевски. Во ситуација кога институцијата Старешина на СИМ е пред  напуштање  ( затоа што ако само уште еднаш не  се појави на седница на старешинство СТАТУТАРНО треба да си замине и да остане само име кое ке се памети по тоа што не успеа да одржи ни една нормална седница на Старешинството.)

Во овој текст сакам само да му предочам на Началникот на СИМ (кој неколку пати ветува,  а потоа НЕ ДОАГА НА СЕДНИЦИТЕ НА СТАРТЕШИНСТВО и  не предлага  персонални решенија за истото) дека јас како извидник во Македонија и човек кој што долго време ја поставував обука во во СИМ, јавно не зборувам напразно. Пред петнаесетина денови ја објавив шемата на начинот на  обука во последните 12 години. А денес сакам само на Началникот на Биро на СИМ да му предочам и два прирачника кои во времето кога започна квалитетно да се работи ОБУКАТА на кадри благодарејки на моите проектните активности   и проектните активности на Чедомир Арсовски кој воедно е и автор на текстовите, за прв пат и ја озваничивме обуката во СИМ. Во самите прирачници е претставен целокупниот систем на обука (начин, услови, методологија, теми). Па затоа сакам да им порачам на сите дека ТРЕНИНЗИТЕ ЗА ТРЕНЕРИ се одлична работа, супер работа и треба да ги има во системот на обука на СИМ, но никогаш неможат да бидат дел од системот на обука на Инструктори во СИМ (според вудбеџ системот), но можат целосно да се вклопат во некоја идна Страегија за обука на кадри на СИМ.  Затоа г-не Началник на Биро на СИМ, Ве замолуваме да не го рушите веке поставениот и докажан добар систем за обука на кадри во СИМ, кој стагнираше поради немање на клима за организирање на школи во последните неколку години.

 

А за сите извидници во Македонија, побарајте ги овие два прирачника и видете каде се наоѓате и каква обука треба да имате во СИМ, а не да ве насочуваат на погрешни страни, а уште полошо и да ве упатуваат и испраќаат на семинари и обуки за кои немате години, а и немате соодветно извидничко образование….

 

И оваа обука за вештарства која што следи во месец февруари, е обука која што е многу потребна на извидничката организација во РМ и истата се вклопува во обуката на кадри во СИМ, но саамо треба да да се постави стратегијата за обука на кадри која што многу ни е потребна.

 

А, вие господине старешина, ако сте го превзеле ризикот да ја водите најстарата младинска организација во Македонија водете ја , ако пак не заминете си достоинствено и признајте дека немате врска во што западнавте со дворските игри (всушност… кафански…. уствари игри кои се недолични) а сега мислам и дека молите бога што поскоро да ја напуштите организацијата….

А вие помлади извидници побарајте ги овие два прирачника и видите како треба да се обучувате.

 

И на крај само апел до старешинството на СИМ, дајте да ја поставиме обуката на СИМ како што треба, тука сме инструкторите кои сме обучени, ако не сака Началникот да не повика, повикајте не  Вие затоа што вие ја носите најголемата одговорност за работата на СИМ.

Нека ни е срекна новта година, со желба дека нема да има повеке вакви писанија.

 

 

Поздрав и секое добро,
Искрено Ваш
проф. Ангелче Гушев – ГУШЕ
Инструктор од втор степен во СИМ 

 

 

*) Горе наведените ставови и мислења се мислења на авторот и истите  не ги рефлектираат ставовите и мислењата на старешинството  на ИО Димитар Влахов од Велес

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.