За впечатоците од 24 издание на Вардарската регата, коja годинава заврши во Солун

Учесниците на Вардарската регата годинава пловеја до Солун, шест дена по реката Вардар. А впечатоците се како да пловеа по две различни реки, една низ Македонија, другата низ Грција. Тие  тргнаа на 20 јуни а завршија во Солун на 24 јуни. Од 388 км. годинава за прв пат пловеа 280 од кои 80 се во грчкиот дел на Вардар.  

„Тргнавме девет пловила, стасавме до целата пет, или 24 лица, останатите немаа важешки пасоши. Пловевме, веславме по високи температури и по 50 степени  на сонце и жега, требаше да се весла, благодарност за централите кои ни беа ветер во грб  и овозможија  добар водостој на Вардар. Границата ја минавме со аавтобус и веднаш потоа пак продолживме со чамците до Солун. Тоа што за нас беше несфалтиво и што не можевме да веруваме, е реката Вардар. Една беше низ Македонија, друга низ Грција. По Евозни сретнавме река Вардар, која е непозната за нас. Таму не сретнавме ниту пластично чише, ниту отпад како што сега  реката по дождовите носи. Реката нзи Грција е максимално еколошки заштитена, немаше отпадна, индустриска  вода насочена во неа. Сепарации какви што гледаме тука  не постојат, таму е друга технологија, која не го менува текот на реката, не ја уништува“- кажа Ангелче Гушев, организатор на Вардарската регата, годинава 24 по ред.  

Грчките извидници, од Солун, им дале максимална подршка од сместување, храна,  вода, освежителни пијалоци.  Осум месеци со Солунските извидници договарале  детали, активности за регатата, за шест дена пловење овој месец, јуни.

„После вториот базен логор Акропотамис, наидовме на мини хидроцентарлни, кои не беа пречка да се поминат, лесно продолживме. Нивото на реката во Грција беше мошне ниско,  беше тешко да се весла. Влеговме во делтата на реката Вардар, каде што е птичји резерват, сега им било време на размножување на птиците, што ни создаде проблем да не ја нарушиме природната рамнотежа и до година ќе мораме поради тоа да го менуваме терминот на пловење.  Стигнавме до црвата Св. Никола, каде што според пишаните документи, гемиите од Велес стигнувале до Егејот и тука бил претоварен центар за робата да се носи натаму со бродови и продава по Европа.  Потоа Солунските извидниците  не сместија во нивната база, со што ни направија голема чест и подадоа рака за големо пријателство. Им благодариме за се што сторија за нас“ – додаде Гушев.

Целиот разговор можете да го видите тука: https://www.youtube.com/watch?v=pW9WTt44nBY&t=2s

Извор: http://tirekovmirece.com/

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.