Започнуваме со нов проект “Една идеја, еден сон – една цел“

Извидничкиот одред “ Димитар Влахов“ Велес започнува со реализација на нов проект се со цел зголемување на влијанието и учеството на граѓанските организции во проецесите на креирање на политики и носење на одлуки, планови и програми на локално ниво во Општина Чашка. Долгогодишното функционирање на територија на Општина Чашка преку Извидничкиот центар во Голозици придонесува со користење на нови методологии за самоорганизирање на младински активности и зголемено учество на младите во процесот на носење на одлуки како и зајакната соработка меѓу локалните власти и граѓанските организации. Проектот ќе резултира си видливи резулттаи и придобивки за заедниците и воедно развој на локалните заедници. Дел од активностите на проектот се:посета и организирани средби по месните заедници како и избор на локални координатори со кои ќе се комуницира и соработува; спроведување на анкетен прашалник за потребите на младите и нивната улога ; изработка на пакет упатства за планирање и реализирање на младински активности; оддржување на три креативни кампва во Голозинци за едукација на малдите како и креирање на локален акционен план за млади на Општина Чашка. Досегашните резултати се доказ дека го подобруваме начинот на живеење на младите во Чашка и продолжуваме со оддржување на препознатливоста во локалната заедница. Проектот е наменет за 50 млади од 15 до 30 години како директни корисници, односно 150 млади од Македонија .
Зајакнувањето на довербата кај младите од Општина Чашка, нивно информирање, мотивирање за самоорганизирање на младински иницијативи и активности е процес кој постаојано треба да се негува. Локалните проблеми се решаваат локално. Проектот е поддржан преку проектот„ Правна помош и поддршка за зајкнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални и граѓански организации “, финансиран од Европската Унија.
Проектот „ Една идеја, еден сон- една цел“ ќе се имплементира преку предвидените активности 7 месеци во Општина Чашка, односно до 31 јули 2019 година.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.