Во организација на Граѓанскиот Ресурсен Центар од Гостивар на 28.9.2020 год. (понеделник) се организираше завршен настан на грантистите од повикот за Акциски грантови за застапување на локално ниво. Настанот се организираше онлајн на платформата ЗООМ со следната агенда.
• Главни постигања од спроведените грантови и научени лекции
Презентација на секој од грантистите (времетрање 5-10 мин. за секоја презентација)
• Насоки и можности за застапување на локално ниво
Лулзим Хазири, АДИ
Презентација и дискусија
Сите седум грантисти имаа подготвено краток опис на трите главни постигања остварени со спроведување на нивните проекти каде сбеа преставени постигањата на проектотите,потоа се даде осврт како се придонесовте кон решавање/намалување на некој клучен проблем или потреба во заедницата. Здруженијата грантисти го преставија својот продонесе кон зголемено учество на граѓанските организации и граѓаните во процесите на креирање и носење одлуки како и следење и евалуација на јавните политики на локално ниво и зајакнавање на врската со граѓаните и со засегнатите страни и нивните справување со КОВИД-19 во рамките на реализирањето на проектните активности
Во рамките на оваа ЗУМ презентација учество зема Старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев кој ги презентираше постигањата од реализација на проектот “Младите носители на промените“.
“Младите носители на промените” е проект спроведуван од извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес . Овој проект е добиен во рамки на „Граѓанскиот ресурсен центар “ финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип.“