Еко акција по повод Денот на пролетта – 21 март

На 19.3.2022 година (сабота) дваесет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес по повод Денот на пролетта , во месноста Дворови во паркот пред Економското училиште, организираше еколошка акција со што го уредија просторот и дел покрај коритото на реката Вардар.

Со оваа еколошка акција се вклучивме и во еко-кампањата “ИСЧИСТИ ЈА ПЛАНИНАТА – МАКЕДОНИЈА “ која што беше иницирана од страна на нашите другари извидници од ИПО “Јадран“ од Скопје, а беа вклучени 21 извиднички одред од Република Македонија.

Сакаме да наглсиме дека оваа еко – акција беше поддржана од страна на компанијата Моцарт како општествено одгворна компанија која што во целост се вклучи во реализација на истата.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.