Еколошката акција “Боренка“ реализирана во Велес

На 15 март 2024 год. (петок) Сојуз на извидници на Македонија заедно со учениците од ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ од Велес и дваесет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ и беспрекорната поддршка на Национални шуми поминаа еден општествено одговорен ден за нашата земја.

Преку организација на еколошката акција “Боренка“ – единствената волонтерска акција за пошумување опожарени подрачја се спроведува во партнерство меѓу ЈП Национални шуми и Сојуз на извидници на Македонија со поддршка од Биро за регионален развој, Сојуз на извидници на Хрватска, Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска и општествено одговорната компанија за вода “Ладна“.

Педесете ученици од ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ засадија повеќе од 1000 садници јавор на терените на спортско-рекреативниот локалитет-езеро Младост.

Како дел од програмата за едукација за заштита на животната средина СИМ во 2022г. започна со имплементација на акцијата БОРЕНКА – нацртај го своето дрво, волонтерска акција за пошумување опожарени подрачја.

БОРЕНКА има за цел пошумување на дел од опожарените површини опфатени со шумските пожари во период на 2020/2021г. во неколку региони во земјата преку волонтерски активности и соработка со локални и државни институции.

Локалните младински работници и волонтери реализираат едукативни часови во основните училишта, преку кои ќе се мотивираат да учествуваат во локални акции за садење дрвја. Активностите на БОРЕНКА се реализираат преку два работни пакети:

  1. Првиот се состои од создавање симболична рамка за цели на неформално образование во сите основни училишта ширум земјата – од опожарено дрво се раѓа нов живот и
  2. Вториот – волонтерски настани за пошумување на опожарените површини од последните две години.

Успешноста на ваков тип креативно волонтирање со цел активно вклучување во заштитата на животната средина веќе 6та година успешно се спроведува во Република Хрватска под името БОРАНКА и досега има мобилизирано приближно 12000 волонтери од цела земја и во моментов ја има титулата за најголема волонтерска акција во Европа.

На оваа еколошка акција од ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ учество земаа 50 ученици од прва година од класевите 1-5, 1-6, 1-8 и 1-10 предводени од професорот по спорт и спортски активности м-р Ангелче Гушев.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.