Во периодот од 07 до 10.09.2023 год. во извиднички центар Голозинци Општина Чашка се реализираше едукативниот камп помеѓу двата братски одреди – извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес од Република Северна Македонија и извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш, Република Србија. Овој едукативен камп е насловен како LINK UP, се реализира во рамките на проектот “LINK- UP! REGIONAL NETWORK, DEVELOPED BY YOUTH FOR YOUTH, UNITED IN REBUILDING BRIDGES AND GENERATING PARTNERSHIPS“ на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес , Република Северна Македонија, проект финанциран од ЕУ проектот: “Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ во рамките на Механизмот за граѓанска отпорност (МГО).
Во рамките на кампот беа реалзирани голем број на игри за запознавање, но се започнаа и креирањето на десет хендаути за планирање и реализирање на младински активности. На самиот камп во вечерните часови се организираа и работилници за духовно и мировно образование и разговори во различноста но сепак и секогаш сплотени и прифатени и евалуација на денот по групи. За сите учесници се организираше и мала работилница за топографија и ориентација, но и хајк при што се посетија околните места Мелница, Лисиче, Горно Врановци, Голозинци. И на крај од кампот се започна и креирањето на нацрт верзијата на платформата за соработка помеѓу Велес и Ниш.