Во рамките на одредската програма за одбележување на Светскиот ден на извидништвото – 22 февруари, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на 23.2.2008 година (сабота) организираше еднодневен излет во Крушево за 25 визвидници. На овој излет извидниците од Велес го посетија Мечкин камен, Меморајалниот центар “Македониум“ каде што кустосот Викторија Пети велешките извидници ги запозна со Илинденската епопеја . После ова беше посетен и горобот на Тоше Проески каде што положивме свежо цвеќе. По ова се упативме во детското одморалиште “Шула Мина“ и разгледување на градот Крушево.