Извидничкиот Одред “Димитар Влахов” – Велес ја докажува својата широкоумност, непристрасност и презирот кон предрасудите и тоа со организирање на четири дневен мултикултурен камп. Проектот насловен како “Да си подадеме рака“ беше поддржан од Сојузот на извидници на Македонија и Messengers of Peace. На него присуствуваат извидници до дваесет години и млади кои низ дијалог ќе го најдат вистинскиот начин за промоција на меѓуетничкиот живот како во извидничката организација, така и во целата држава. Самиот наслов на овој проект “Да си подадеме рака” јасно зборува за постоењето на еднаквоста во извидништвото и е цврст пример за надминување на глобалните меѓуетнички проблеми. Во име на извидничкиот дух и меѓучовештвото да ги преминеме предрасудите!
Овој проект беше составен од три фази и тоа: медиумска кампања, четиридневен камп и изработка, објавување и публикување на упаста за планирање и реализирање на младински активности поврзани со промоција на меѓуетничкиот живот, толеранцијата и алтруизмот.
Сето ова беше и евалуирано од страна на преставниците од програмата на Messengers of Peace, Старешината и Генералниот секретар на СИМ. Евалуацијата и преставувањето на се што беше реализирано во рамките на проектот беше претставено на 13.9.2014 год. (сабота) во просториите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ и Фондацијата Фокус од страна на старешината на одредот Ангелче Гушев и дел од учесниците вклучени во проектот.