Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема денес 14.3.2009 година (сабота)масовно се одзваа на третата по ред акција за пошумување „Ден на дрвото". Велешките извидници кај селото Отовица на езерото Младост засадија млади багреми, а покрај оваа локација велешките извидници се појавија и на локацијата во месноста Ајватовски рид во близина на Миладиновци.
Тука 150 извидниците од ИПО “Јадран“ , ИПО “Галеб“, ИПО “Сидро“, ИО “Браќа Миладиновци“, ИО “Иленден“ , ПСИО сите од Скопје и ИО “Димитар Влахов“ од Велес засадија повеќе од 10.000 садници. На оваа локација се појавија и главните организатори на акцијата и тоа маестро Борис Трајанов, потпретседателот на Владата на РМ, г-дин Зоран Ставревски, претседателскиот кандидат Имер Селмани и други личности од општественото живеење во Македонија. Организаторите на акцијата најавија дека на есен „ Ден на дрвото" би требало да се реализира на ниво на целиот Балкан. Следната акција на пошумување, според Македонски шуми ќе се реализира на површина од 250 хектари.