По повод прославата на светскиот ден на извидниците 22 февруари, Сојузот на Извидниците на Македонија на 26 февруари го организираше ноќен марш кон Водно.Поаѓањето кон целта стартуваше во 18.00 часот, од пред камениот мост во Скопје,на овој ноќен марш учествуваа седум одреди од републикава меѓу кои и нашиот. Од нашиот одред земаа учевствоследните извидници:Марина Тасева,Влатко Влахчев, Богдан Маневски,Александар Љутков,Благој Ѓорчевски,Виктор Таневски, Тоше Василевски, Никола Аксентиев, Мартин Јошевски, Лилјана Јошевска, Ангел Јорданов, Душица Здравевска, Елиф Шаќирова, Никола, Димов, Милчо Ракиџиев, Методија Андов и Теодор Андев. Овааа манифестација годинава се одржува по седми пат и е поддржана од страна на сите одреди низ републикава, но треба да се нагласи дека Старешпината, Началникот на СИМ , членовите на Бирото на СИМ и Генералниот секретар на СИМ во целост потфрлија во организирањето (ГИ НЕМАШЕ НИКАДЕ) на оваа манифестација која што беше проследена и со немили настани рефлектирани врз здравјето на извидниците од Велес и покрај тоа што ние извидниците од Велес навистина се трудиме да го поддржиме и афирмираме извидништвото во нашето општество.
Мартин Јошевски