Дводневна работна акција на ЗГ „Акцијаш – ветерани“ во Горно Врановци, Голозинци и Чашка

Во периодот од 15 до 17.11.2024 год. здружението на граѓани Акциаш Ветерани од Велес реализираа акции за средување на музеите во Горно Врановци, реонот на браната Лисиче и во извидничкиот центар “Голозинци“. Покрај членството на велешките акциаши ветерани имаше и гости акциаши ветерани од Битола, Гостивар, Скопје, Куманово и Штип.

Комплетно ги исчисија од трева, лисја, коров и отпад улиците и сокаците како и дворните места на петте спомен куќи во Меморијалниот комплекс во Горно Врановци, составен од куќите на Президиудмот на НОВ, на ЦК на КПМ, на Главен штаб на НОБ, на раководството на ОЗНА и печатница „Гоце Делчев“ каде е отпечатен првиот број на весникот „Нова Македонија“.

Бригадирите на Работна бригада „Кочо Рацин“, заедно со акцијаши ветерани од уште шест македонски градови, денеска, изведоа и втора доброволна акција, во дворот на Извиднички центар во Голозинци. И таму комплетно уредуваа и чистеа лисје, коров, кастреа дрвја и ограда. Група од нив чистеше и над брана на акумулација „Лисиче“ како и на патот кон село Горно Врановци.

Повеќе од педесет учесници беа сместени во извидничкиот центар “Голозинци“. Покрај поддршката од извидничкиот одред “Димитар Влахов“, треба да се истакне и поддршката на Градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски, Директорот на Народниот музеј од Велес Ангел Коруновски и голем број на поддржувачи од приватниот и државниот бизнис сектор.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.