Дводневен бивак со ориентација во природа “Војница 2015“

боки2Високите температури не претставуваа пречка за извидниците од извидничкиот  “Димитар Влахов” од Велес да ги надоградат своите знаења и да се подготват за наредната  година во областа на ориeнтацијата, топографија и животот во природа.  Па така  во периодот од 22.7.2015 до 23.7.2015 извидниците учествуваа на  дводневен камп за ориентација во околината на Велес. Покрај бивакот сите учесници на оваа обука се движеа на релацијата Велес – Војница – Велес, а бивакот беше подигнат на терените на село Војница покрај реката Бабуна.
Целите на овој камп беа:
– извидниците да ги утврдат стекнатите знаења по топографија и практично да ги применат,
– да ги повторат основните елементи од материјалите на карта и да научат да ги изработуваат и последно, но не и најмалку важно
– да го надоградат извидничкиот карактер согласно извидничките методи

Координатори на оваа обука беа Бојан Миклош и Благој Ѓорчевски.

Се што понесоа извидниците од овој камп беше повеќе знаење, желба за повторување на кампот, убави спомени и незаборавни моменти!

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.