На покана на регионална телевизија К1, старешината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев на 12.11.2015 год. (четврток) беше гостин во утринската програма “Утрински зрак“ на споменатата телевизија. Во рамките на 25 минутниот разговор беше разговарано за следните теми:
– Планинарски патеки и нивно финасирање од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РМ
-Учеството на Државен Извиднички Ориентационен Натпревар – Градовци 2015 во организација на Сојуз на извидници на Македонија
– Активности организари со други одреди
– Мегународни активности на одредот
– Средби на извидници – Велес 2016, 30 јубилејни организирање во септември 2016
– Актовности наменети за локална средина – Општина Велес и Општина Чашка
– Активности на вода и создавње на поречански патроли во рамките на одредот
– Учество во работата во Советот на млади на Велес
– Понатамошни планирани активности на одредот и начини на зачленување во одредот.
Со учеството на старешината на одредот на оваа утринска програма гледачита на повардарскиот регион имаа можност во целост да се запознаат со активностите на одредот како најстара младинска организација во Република Македонија.