Врз одлуката на старешинството, донесена на 12.05.2021, денес на 13.06.2021 (недела) се одржа редовното годишно Собрание на Сојузот на извидници на Македонија. Собранието се оддржа онлајн
преку платформата Zoom, врз база на добрите практики од Собранието во 2020 година. На ова Собрание на СИМ се усвои предлог записникот од вонредното собрание во јануари 2021 година, потоа годишниот извештај за работата на СИМ (наративен и финансиски извештај) и тоа зa Канцеларија на СИМ и Извиднички центар во Охрид.
Собранието го избра Марјан Тодев за член во надзорен одбор на СИМ, а Собранието го прими за придружна членка во СИМ, извидничкиот одред “Компас“ од Битола. Под тековни процеси и активности беа презентирани наредните проектни активности на СИМ. На оваа редовно годишно Собрание на СИМ како делегати од извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес беа присутни: м-р Ангелче Гушев како старешина на одредот, Благој Ѓоргиев како Началник на одредот, потоа Влатко Влахчев, Давид Темелковски, Мартин Голчев и Жаклина Гушева како водачи на патроли во велешкиот одред и Јордан Бајрактаров како началник на СИМ.