Во периодот од 12 до 14.4.2019 год. во Извиднички центар во Охрид петмина извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ земаа учество на редовното годишно собрание на Сојуз на извидници на Македонија. Делегацијата на велешкиот одред беше составена од: Ангелче Гушев, Ване Сарагиновски, Ангел Радевски, Влатко Влахчев и Јордан Бајрактаров.
На ова редовно годишно собрание беа усвоени и годишните извештаи, направени и статутарни измени, а беше избран и нов трочлен надзорен одбор. Во новиот надзорен одбор кои беше избран
од страна на Собранието на СИМ беше избран и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“, Ангелче Гушев. Остатокот од овој работен викенд Собранието на СИМ го искористи за поставување на насоки за тековната година и консултација за изработка на политики, правилници и документација.