Втор едукативен камп во рамките на проектот “Да си подадеме рака“

Во период од 5 до 7 мај 2023 во извидничкиот центар “Голозинци“ Општина Чашка, во рамките на проектот “Да си подадеме рака“ реализиран од страна на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес се реализираше вториот едукативен камп. Проектот “Да си подадеме рака“ е дел од малите грантови во програмата за антидискриминација. Со овој проект сакаме да влијаеме на подобрување на свеста за борбата со дискриминација и промоција на еднаквост и толеранција во образованието, медиумите, маргинализираните групи на граѓани, локалната самоуправа, во руралните средини и итн. Со вториот едукативен камп го завршивме креирањето и изработувањето на десетте пакети на упатсва (хендаутити) кои се се наменети за планирање и организирање на младински активности за подобрување на свеста за борбата со дискриминација и промоција на еднаквост и толеранција во образованието, медиумите, маргинализираните групи на граѓани, локалната самоуправа, во руралните средини.
Пакетите ги носат следните наслови: “A LA CARTE”, И јас, исто така, Барање на сличности и одкривање на различности, Натпреварот за евро смешки, Погоди кој доаѓа на вечера, Светла иднина, Соништа, Етикети, Почуствувај ја дискриминацијата и Први впечатоци

Преку интеракцијата на овие кампови како методолошки пристап го добивме следното кај младите и тоа :
-Развивање на технички вештини за да се биде едуцирани
-Способност да се направи избор и да се проценат последиците од нашите постапки предизвикани од дискриминацијата
-Освојување на вештини и слобода од страна на младите во борба против дискриминацијата
-Надградување на свесноста која е основната компонента дека младите треба да се едуцираат мудро и моќно во борбата против дискриминацијата
-Промена на сваќањето кај младите да одлучуваа што да гледаат, што да слушаат, што да играат и какво мислење да формирааат

Преку методолошките пристапи на едукација на младите, активностите кои што се планирани во проектот треба да ги научат младите на следното:
Дискриминацијата може да биде индивидуална, но може да биде и институционална.

Институционалната дискриминација е неправеден или нееднаков третман које “вграден“ во една општествена структура. Дискриминацијата е повредуа на нечивиправа само поради тоа каков е некој или поради она во што тоа верува. Имајќи предвидв дека дискриминацијата неоправдано ги лишува поединците или групите од целосно и подеднакво уживање на нивните права, таа е забранета со националното и меѓународното законодавство. Постојат различни форми и видови на дискриминација и тоа: директната дискриминација, индиректната дискриминација, дискриминацијата по асоцијација, вознемирувањето и виктимизацијата. Сите видови на дискриминација може да се однесуваат на која било заштитена карактеристика или дискриминаторска основа.

Директна дискриминација е различен третман заснованна каква било која дискриминаторска основа како „раса“, боја, верување, јазик, религија, сексуална ориентација, националност или друго, што/кој нема објективно и разумно оправдување. Различниот третман нема објективно и разумно оправдување ако не се стреми кон легитимна цел или ако не постои разумен однос на пропорционалност помеѓу уотребените средства и целта што се треба да се постигне. Во случај да нема друго лице или група која е третирана подобро, повторно се работи за директна дискриминација ако лицето кое тврди дека е дискриминирано може да докаже дека лице или група којанема конкретна (заштитена) карактеристика би биле третирани подобро во слични околности. Компаратор не е потребен само во случаи на дискриминација за време на бременоста кога жената не мора да докаже дека е третирана полошо од некој друг, од причина што бременоста не може да се споредува со друга состојба.

Индиректна дискриминација постои кога навидум неутрален фактор како што еодредба, критериум или пракса не може лесно да се исполни/задоволи , или става во неповолна ситуација лица кои припаѓаат на определена група со одредена карактеристикавкако што е “раса“, боја, верување, јазик, религија, сексуална ориентација, националност или друго, освен ако овој фактор има објективно и разумно оправдување. Последното би било случај ако има легитимна цел и ако постои разумен однос на пропорционалност помеѓу употребените средства и саканата цел.

Дискриминација по асоцијација се случува кога лицето е дискриминирано врз основа на неговото поврзување или контакти со едно или повеќе лица означени со некоја од наброените дискриминаторски основи. Дискриминацијата по асоцијација е експлицитно забранета со многу национални закони.

Тоа е случај на пример кога некој дискриминира бидејќи смета дека лицето имаодредено етничко потекло, што тоа лице го нема. Дискриминација по асоцијација е кога некому се одбива пристап во ресторан бидејќи тој е поврзан со перцепираната „раса“ на друго лице кое го придружува.

Вознемирувањето се состои од однесување поврзано со една од дискриминаторските основи која има цел или ефект на нарушување на достоинството на едно лице и создавање застрашувачка, непријателска, деградирачка, понижувачка или навредлива средина.Сексуалното вознемирување е специфичен вид на дискриминација каде вербалното, невербалното или физичкото однесување е од сексуална природа.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.