Велешките извидници ја населија “Фениксија“

Четворица извидници или една патрола на на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес во периодот од 3-5.5.2019 год. земаа учество на акцијата која беше насловена како “Експедиција населување на Фениксија“ во организација на извидничкиот одред “Феникс“ од Прилеп. Патролата ја сочинуваа Трајче Темелковски, Благој Ѓорѓиев, Кире Харалампиев и Сара Нунеска. Оваа акција извидниците од Прилеп ја организираа трет пат по ред , а на која учествуваа над 200 извидници од Македонија и Србија. Учесниците на настанот беа сместени во шатори во близина на манастирот Св. Јован Крстител кај “Маркова Чешма“. Целта на кација беше преку натпревари во ориентатција и дружење екипите да го населуваат измислениот континент “Фениксија“. Натпреварувачите имаат стаза од пет часа низ градот со што ги посетија културните знаменитости на Прилеп. Потоа се враќа на стартното место, а имаа и полигон со игри.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.