На крајот на оваа календарска и работна 2019 година, Сојуз на извидници на Македонија за одредите од Македонија организираше волонтерска забава со што се заокружи оваа тековна година. Волонтерската забава се одржа на 21.12.2019 (сабота) во Дом на градежници во Скопје. Од извиднчкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес учество земаа: Благој Ѓорѓиев, Трајче Темелковски, Давид Темелковски, Мартин Голчев, Мартина Дејаноска, Марија Сарагиновска, Иван Гушев, Тино Анѓелов, Александар Перковски, Ангела Перковска, Кристијан Пановски, Aaron Thomas, Павел Шопов, Ана Гајдова и Симона Тенчева. На оваа забава беше избран и најдобриот извидник за 2019 година согласно номинациите на ниво на Сојуз на извидници на Македонија, а тоа е извидникот Бојан Ѓошев од Првиот скопски извиднички одред.