Членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, на првиот зимски ден на 23.12.2018 год. (недела) организираа акција на уредување на Домот на НВО во Велес, а воедно се приклучија кон акцијата на Медиа/Арт клубот – Велес на Младински образвовен форум на настанот „Reborn Yard“.
На овој настан се изврши интервенција во јавниот простор, поточно репарирање и менување на покривната конструкција на Летниковецот, фарбање на неговата конструкција, како и на клупите и постоечката маса. Исто така се изврши белење на ѕидот на зградата од Домот на НВО кој е нагрден со невкусни графити и на некои места е оштетена фасадата на Домот на НВО.
Покрај овие активности членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес извршија и средување на кровната конструкција на Домот на НВО и тоа со чистење на кровот од голем број паднати дрва, чистење на хоризнталните и вертикалните олуците и одстранување на голем број на одпаднати кабли од стара кабловска интернет и тв инсталација. Покрај ова извршија и средување на магацинскиот простор на одредот со замена на скршени керамиди на магацинскиот кров и изврши белење на ѕидот на магацинот кој е нагрден со невкусни графити
Целта е подигање на свеста кај граѓаните за уреден и незагаден јавен простор, искористување на јавниот простор и негово разубавување.
Исто така, преку овој настан се мотивираат младите во разубавување на јавниот простор и се промовираат волонтерските вредности, со што се испраќа позитивна порака во локалната заедница.