Со реализирање на пловидбата на 4.10.2025 год. Велешките извидници кои се нарекуваат речни номади и чувари на природата ја подигнаа еколошката свест за заштита на реката Вардар преку реализацијата на мини регатата преку која младите извидници стануваат лидери преку зајакнување на локалните институции и придонес во заедницата и јакнење на нивната врска со нивните конституенти и граѓаните и општествено одговорни лица во промоцијата на слободата на изразување, човековите права и интеграцијата како и двигатели на промена за слободно и одговорно инклузивно општество со акцент на развиениот рурален туризам како алатка за промоција на младите и останатите граѓани во општествените процеси во носењето на одлуки, ќе се креира простор за слободно изразување на мислењата и погледите на младите.

“ Во Вардар деновиве пливаат најверојатно повеќе шишиња отколку риби. Дождовите го свлечкаа отпадот од бреговите и сега го носи реката. Организаторите на вардарската регата „Гемиџии“ констатираа дека тие одамна пловат по мртва река, која одеднаш оживува кога ќе ја прејде границата со Грција. И шишињата не се единствениот проблем. Во неа има сепарации за песок, неконтролираното излевање отпадни води, црпењето вода за наводнување, диви депонии и многу друго… Прочитајте го разговорот со Ангел Гушев: https://prizma.mk/gushev-pravime-regata-po-mrtva-reka/“

Оваа активност која се нарекуваше Велешките извидници – речни номади чувари на природата имаа за цел да го промовира течението на реката Вардар и негова заштита. Со нашето пловење и нашето актуелизирање на еколошкитепроблеми порталот на ПРИЗМА ги идентификува велешките извидници за борци за здрав животна средина и заштита на реката Вардар. Велешките извидници ги идентификуваат и можните и потенцијалните загадувачи на реката Вардар на овој потег.

Оваа активност е во рамки на глобалната иницијатива Champions for Nature Challenge и проектот Green Skills Rising, Сојузот на извидници на Македонија каде се дава поддршка на млади извидници кои се подготвени да преземат локални еколошки иницијативи и да бидат двигатели на позитивна промена во своите заедници. Овој повик имаше за цел да ги охрабри младите да иницираат мали, но влијателни акции кои ќе придонесат кон заштита на природата, практикување на одржливи решенија и унапредување на своите зелени вештини.

Champions for Nature Challenge е глобална иницијатива развиена од Светската организација на извидничкото движење (WOSM) во партнерство со UNICEF. Оваа програма е дел од пошироката рамка Earth Tribe и има за цел да ги поттикне младите да станат активни учесници во заштитата на животната средина и одржливиот развој. Програмата се фокусира на две главни области: „Подобри избори“ (Better Choices), која се однесува на развој на одржливи навики и одговорна потрошувачка, и „Природа и биодиверзитет“ (Nature and Biodiversity), која се фокусира на заштита и зачувување на природните екосистеми.
Линкови од Вардар:
