Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, на покана на извидничкиот одред “Браќа Миладиновци“ од Скопје , на 16.11.2019 год. (сабота), по повод Денот на ослободување на град Скопје, со шестнаесет извидници или четири патроли земаа учество на
традиционалната акција “Извидниците за својот град “.
На оваа извидничка акција извидниците се натпреваруваа во голем број на извиднички дисциплини, а на истата учество земаа повеќе од четириесет и пет патроли од Скопје, Велес, Прилеп, Кичево, Куманово, Битола, Крива Паланка и Охрид. Велешките извидници од патролата “Учи ли Блажо“ во состав: Бојан Трендафилов, Ана Гајдова, Ивона Јовиќ и Марија Сарагиновска. во категориијата извидници го освоија првото место.
Останатите патроли од велешкиот одред се нтпреваруваа во категоријата истражувачи. Натпреварите на оваа еднодневна акција се организираше на територијата на општина Аеродром и паркот Јане Сандански.