На покана на ИО “Илинден“ од Скопје, извидниците од нашиот одред земаа учество на републичките извидничките средби Богомила 2010, кои беа организирани во истоименото село во периодот од 22 до 24 октомври оваа година. Нашиот одред учество земаа 5 патроли,а на средбите учествуваа патроли од следните извиднички одреди: ИО “Методи Митевски -Брицо“,ИПО “Галеб“, ИПО “Јадран“ и ПСИО сите од Скопје, ИО “Еригон“ од Прилеп,ИО “Скаут“ од Куманово и патролата на ИО “Наум Наумовски – Борче“ од Крива Паланка. Програмскиот дел на средбите имаа карактер на ориентација и топографија во непознат терен. Беа организирани две ориентациони патеки од кои патролите требаше да одберат една една од нив.
Првата патека беше едноставна и бараше помала подготвеност од патролите, а втората патека беше екстремна и бараше многу голема подготвеност во делот на ориентацијата и топографијата,а и голема физичка подготвеност. Покрај ова беше потребна и голема снаодливост а воедно и многу поголеми знаења за ориентација во природа.Покрај ориентацијата имШе и голем број на полигонски натпревари и натпревари во областа на првата помош и сигнализацијата. Благодарение на големите подготовките на нашите извидници, исите ја поминаа патеката без големи потешкотии и пречки.
Во генерален пласман нашиот одред, извидничкиот одред “Димитар Влахов“,заслужено го освои првото место, додека па во поединечна конкуренција,нашата прва одредска патрола „ЛОШИ ДЕЦА“ го освои третото место во состав: Благој Ѓорчевски, Мартин Јошевски, Душица Тевчева и Душица Здравевска. Овие републички средби беа едни од поквалитетните и поуспешните, каде што уествувал нашиот градски извиднички одред и со ова докажавме дека извидништвото во Велес сеуште живее!

Текстот го подготви: Мартин Јошевски