Велешките извидници на третата младинска академија

сара2Сојуз на извидници на Македонија имплементирајќи ја  годишната програма ја реализираше третата Младинска Академија.  Младинската Академија е настан кој е наменет за младите кои се  активни во граѓанските организации и имаат желба да го надоградат своето  знање за подобро водење и менаџирање во своите организации. Младинската Академија [1.2] – Парите растат на дрво,  ќе им овозможи на младите да се стекнат со вештини од областа на подготовка  на проектни апликации и кампањи за финансирање.  На оваа Младинска Академија [1.2] учество земаа 20 млади активни  луѓе над 17 години во рок од два дена. Предавањата беа одржани во Домот на градежници-Скопје.  Од страна на извиднички одред “Димитар Влахов”- Велес учество земаа Благојче Ѓорѓиев,  Сара Нунеска и Трајче Темелковски. Покровител на Младинската Академија [1.2] е  фондацијата Гласници на Мирот (Messengers of Peace).

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.