Велешките извидници учесници на “Денот на дрвото 2015“

den na drvo1Петнаесет извидници  од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес  на  2 декември 2015 година (среда), опфанати во две  патроли, заедно со своите водачи  земаа учество на еколошката акцијата “Ден на дрвото 2015“ која се реализираше на локација м.в. Дерин дере (во непосредна близина на општинската комунална депонија). Граѓанската акција се изведе на површина од 20 хектари за што се обезбедија 80.000 листопадни садници од јасен и багрем. Со редовното учеството на нашите извидници  на оваа акција се придонесува  кон создавање на здрава и чиста животна средина за сегашните и идните генерации на територијата на Општина Велес.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.