Велешките здруженија разговараа како да дојдат до европските проекти

Во организација на Делегацијата на ЕУ на 28.2.2019 год. (четврток) во Општина Велес се орагнизираше средба со здруженијата на граѓани од Велес. Целта на овој процесот беше на мапирање и утврдување на реалните потреби и проблеми на граѓанските организации при аплицирањето и реализацијата на проекти финансирани од ЕУ.
Модератор на средбата беше Зехра Качапор Џиќик, консултант ангажиран од Делегацијата на ЕУ. Преставник на оваа средба од страна на извиднички одред беше старешината на одредот, м-р Ангелче Гушев.

Од искажувањето на ореставниците на граѓанските здруженија во Велес беше вооченото недоволно учество на помалите граѓански организации од општините во споредба со оние од Скопје, комплицираните процедури и обемната документација беа посочени како најгорливи проблеми со кои се соочува граѓанскиот сектор. Велешките невладини организации како приоритетни области ги посочија младинскиот активизам, социјалното претприемништво, туризмот и локалниот развој. Тие побараа повеќе средства за јакнење на капацитетите и институционалниот развој на организациите за користење на европските фондови. На средбата беше заклучено дека за пристап до поголемите кохезиони фондови ќе биде потребно граѓанскиот сектор уште сега да се вмрежи и заеднички со општината да работи на проектни апликации. Како што истакна госпоѓа Качапор, забелешките од граѓанскиот сектор, од повеќе општини ќе бидат доставени до надлежните за програмирање на фондовите на ЕУ, со цел да им се овозможи на граѓанските организации заедно со општините да реализираат поголем број проекти во интерес на сите граѓани. Воедно, на работилницата што се одржа во Општина Велес беше заклучено дека е неопходно сите идни проекти да бидат во согласност со стратешките планови на општината.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.