Бадникови букети – подарок за велешани

Членовите на извидничкиот одредот „Димитар Влахов"  со особена грижа кон природата реализираа акција во која береа бадникови гранчиња од кои направија 5.000 Бадникови букети за велешани и ги поделија како подарок од извидниците. Се одлучивме на ваков чекор затоа што посакаавме на своите сограѓани да им приредиме задоволство токму на верскиот празник – Бадник, во домот да имаат гранчиња од дрвото што симболизира здравје.

Со оваа акција испративме апел до велешани максимално да ја заштитат животната средина поточно да внимаваат да не се соголуваат дрвјата. Оваа акција беше честитка за празникот Бадник и Божик до нашите сограѓани. Поделивме 5000 Бадникови букетчиња како симболот на бадниковата вечер од нас извидниците. На ваков начин одлучивме да се спротивставиме и на комерцијализацијата на верските празници, поточно на бадниковите гранчиња, како и на голем број верски реквизити и на икони што многу често се случува кај нас. Сите велешани што на 6.1.2008 година во периодот од  11 до 12.00 часот поминаа на централната градска улица „Маршал Тито" во близина на судот и на плоштадот „Сармаале" од од нас ивидниците се здобија на подарок – Бадникови букети.
 
За оваа можете да прочитате и на веб порталот www.lisica.mk на следниот линк:

http://www.lisica.mk/?statija=2483 и на официјалниот веб сајт на Општина Велес www.veles.gov.mk 

 

 
 
 
 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.