Арон Хула, е волонтерот на Мировниот корпус кој што од 9.12.2019 год. започна со работа канцеларијата на извиднидничкиот одред
“Димитар Влахов“ од Велес. Арон има 27 години и доаѓа од државата Конектикат. Тој е припадник на 24 генерација волонтери на корпусот.
Волонтер на Мировниот корпус во Македонија е од септември 2019 год. Првата обука ја има поминато во Неготино. Во нашиот одред
ќе остане до декември 2021 год. Во првичните разговори со волонтерот и препоставените од Мировниот корпус планирано е да активностите на волонтерот се движат во насока на проектното работење, барањето можност за набавка на опрема, осовременување на извиднички центар “Голозинци“ во с. Голозинци и зголемување на капацитетите на членовите на извиднички одрде “Димитар Влахов“.