Ангелче Гушев избран за член на Управниот одбор на извидничкиот центар во Охрид

На  четврта седница на Старешинство на Сојуз на извидници на Македонија, одржана на 09.04.2024 во просториите на Младински Центар Матично во Скопје, беа избрани членовите на управно тело на ИЦО. Согласно направената евалуација на кандидатите, старешинството на СИМ го одбра управното тело на ИЦО во состав:

1.Јане Илијески
2.Миќо Стојановски
3.м-р Ангелче Гушев
4.Зоран Марковски
5.Тони Младеновски
Согласно правилникот на телото, по службена должност како членови на телото ќе бидат и директорот на ИЦО и член на старешинството.

Мандатот на управното тело е во времетраење од три години од денот на донесување на одлуката. Членовите на Управното тело ќе работат заедно со Старешината на Сојуз на извидници на Мкедонија и во постојана комуникација и координација со Управникот на центарот, Ивица Ангеловски.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.