Анализа на анкетниот прашалник за дискриминација и нееднаквост- ДА СЕ РАБОТИ СО ГРАЃАНИТЕ СО ШТО БИ СЕ ВЛИЈАЕЛО НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА ВО МЕХАНИЗМИТЕ ЗА АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА И БЕНЕФИТИТЕ ОД ЕДНАКВОСТА ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТЕСТВОТО
Оваа анкета е дел од проектот “Да си подадеме рака“ кој се реализира на територијата на Општина Чашка и Општина Велес, од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“, а преку која сакаме да ја анализираме моменталната состоба со дискриминацијата, еднак-воста и довербата помеѓу граѓаните. Добиените резултати ќе бидат искористени и ќе придонесат во превземање на активности со младите од двете општини да станат лидери и општествено одговорни лица кои ќе влијаат на зголемено знаење и свест на пошироката популација за важноста на борбата со дискриминација и бенефитите од еднаквоста за целото општество,а воедно ќе ја зајакнуваат
доверба на граѓаните во механизмите за заштита од дискриминација како на локално така и на национално ниво. Анализата можете да ја симнете тука: Анкета_Да-си-подадеме-рака-финална.pdf