АЛАРМ за природата !

На 24.6.2010 екипи на Литиум, Бивиум, извидници, волонтери, амбасадори, симпатизери, активисти, нормални и обични луѓе се собераа во 10 часот во  центарот на Охрид да го означат почетокот  на фестивалот и акцијата за чистење на охридското крајбрежје, која заврши во кампот Љубаништа т.е. фестивалот Аларм за природата. Специјален гуру мајстор и еден од најголемите подржувачи на фестивалот  беше словенскиот амбасадор во Република Македонијагосподинот Ален Брајан Бергант, кој исто така ќе биде и активен учесник на еколошкиот охридски маратон. На овој настан мегу триесетте извидници беа и преставници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“. Нашите извидници Благој Ѓорчевски и Виктор Таневски целосно се вклучија во организирањето на извидничкиот штанд за промоција на СИМ во рамките на фестивалот, потоа во реализацијата на извидничките работилници и еколошките активности.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.