Во периодот од 15 до 22 август во извиднички Центар Охрид се одржа тренинг – камп, “Академија за средношколци за волонтеризам и активизам ” .
Како дел од учесниците на овој камп беа и двајца извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ и тоа Стефанија Јакимовска и Елена Хаџиева. Тие имаа можност да се стекнат со вештини за делување на локално ниво, соработка со локални институции и учество во работата на локалните младински совети, а и да стекнат со нови пријателства.
Во рамки на академијата се одржа и натпревар за најдобро напишан проект, а нашите извидници ја имаа честа да бидат едни од победниците и добија финансиска поддршка за подоцна да го реализираат нивниот проект.