Учество на седмата меѓународна регата Сава Наутик во Брчко

Претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски и Валентин Јанкуловски во периодот од 22-24.8.2025 год. на покана на здружението ИКС центар (X centar) од Брчко Дистрихт – БиХ земаа учество на седмата меѓународна туристичка рега “Сава наутик“.

На оваа меѓународна регата покрај нашето учество земаа и рафтери и регатџии од Врање, Београд, Смедерево, Земун, Стара Пазова, Стари Бановичи, Шабац и Мачванска Митровица потоа регатџии од Приједор, Жепче, Тузла, Бјелина, Мачванска Митровица, Крушевац, Тузла, Жепче, Завидовиќи, Зеница, Гуња, Рајево село и Брчко. Вкупно пет републики (Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Република српска или седумнаесет градови од регионот. На оваа меѓународна регата се возеше на релација Лука Брчко – Српска варош – Вучиловац.

Учество на овогодинешната регата Сава наутик беше договорено на годинешната Вардарска регата “Гемиџии 2025“ на која што учество земаа претставниците на здружението ИКС центар и со регата пловеа во целата нејзина должина. На оваа регата започнаа разговорите за влегување на Вардарската регата “Гемиџии“ во Балканската рафтерска федерација.

Прилог за најава на регатата:

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.