Направи добро дело за заедницата

Во рамките на прославата по повод 22 февруари – Светскиот ден на извидниците, а во рамките на кампањата “Направи добро дело“ поттикната од страна на Сојуз на извидници на Македонија, на 21.2.2026 год. (сабота) членовите на извиднички одред “Димитар ВЛахов“ – Велес го исполнија предизвикот за оваа седмица “Направи добро дело за околината“.

Всушност нашите членови работеа на уредување на просторот околу Домот на НВО во Велес каде се и нашите одредски простории. На оваа акција се собраа повеќе од десет вреќи отпад, се исчисти пристапната рампа и влезниот дел на во Домот на НВО и се уреди паркот пред зградата и летниковецот кои го користи месното носеление и здружанијата на граѓани за проектнио активности.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.