Средба на старешини и началници во СИМ

gusev 3Во интерес на остварувањето на главната цел – подигнување на  инстиуционалното организациско  работење на СИМ, одредите и извидништвото во Република македонија во целост,  од 26 и 27. 08. 2011  година (петок и сабота) во Извидничкиот Центар во Охрид организираше  РАБОТНА СРЕДБА  со Старешините и началниците на одредите од Република Македонија. По отварањето на Средбата  се отпочна со преставување на учесниците и презентација за состојбите  во одредите.  На оваа средба се преставија следните одреди: ИПО „Крсте Јон“ – Струга, ИО „Мирко Милевски“ – Кичево,  ИПО “Галеб“- Скопје, ИПО „Јадран“-Скопје, ИО „Димитар Влахов“- Велес,  ПСИО, ИО „Скаут“ – Куманово,  ИО „Методи Митевски – Брицо“ – Скопје, ИО „Браќа Миладиновци“ – Скопје,  ИО „Илинден“ од Скопје и  писмено се изјаснија извидниците од ИО „Наум Наумовски – Борче“- Крива Паланка.

По целокупната презентација на состојбите во одредите произлегоа следните потреби, барања и  предлози на одредите за СИМ, а тоа се: не се работи по ОП за работа (младинска програма),  обука на кадри, задржување на постоечкото и омасовување на ново членство, одредски стратегии,  извидничка литература, униформираност на членството, обнова на извидничката опрема, подобрување  на комуникацијата со органите на СИМ, едукација за проектен циклус, потреба од воспоставување  комуникација со Општините и други НВОи, промоција на организацијата, извиднички куп, посета  на акции на други одреди, мотивирање на членството, воспостваување на извиднички  признанија – извидники рис, воспоставување на е-група на функционерите на одредите и  платени лица за контакти во одредите. После презентацијата на состојбата на работата на канцеларијата на СИМ, беа идентификувани  следните проблеми а тоа се: недоволно функционална канцеларија, потреба од ангажирање на  извидници во канцеларијата, логистички подготвена, економат постои но не се користи, има  материјални средства за продажба (литература,амблеми, униформи), недоволно достапна за  сите, немање на функционално Биро на СИМ, редифинирање на цените во економатот, предлог  цена за нова униформа со ознаки, одредите не го чуствуваат СИМ за свој.   Старешината на СИМ, на оваа средба даде целосен приказа на состојбите со финансиското  работење(долгови и побарување) во СИМ заклучно со 30 април 2011 г. ,  а додека Генералниот секретар ја презентираше  соработка на СИМ со други организации,  коалиции и меѓународна соработка и Донесени одлуки и акти од Старешинство на СИМ.  Средбата заврши со целосни заклучоци, договори, препораки кои што ќе бидат издадени
како финален извештај од средбата.

                                     gusev 1         gusev 2

Благој Горчевски

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.