На 23.01.2014 (четврток) во просториите на домот на хуманитарните здруженија “Даре Џамбаз“ се одржа состнаок со преставниците на планинарските здруженија и сите останати НВОи кои имаат предложено патеки, а кои се дел од проектот за уредување, бележање, маркирање, поставување на инфо табли, мапи и патокази и мапирање на предвидените рекреативни, пешачки и планинарски патеки во Р. Македонија. На состанок се дискутираше за реализацијата на патеките и активностите кои следат. Потоа следеше презентација и едукација на ГПС уредите кои ќе се користат за дефинирање на патеките.
На оваа средба планинарските здруженија задолжија ГПС- уреди кои Агенцијата ги има веќе набавено, а воедно се добија и насоки и инструкции за користење и обезбедување на потребните информации и податоци за патеките кои ќе се изведуваат на терен. Преставници од извидникиот одред ,, Димитар Влахов’’- Велес беа на оваа средба беа Јане Јанков и Златко Ристов. Извидниците од Велес веќе започнаа со практична работа на терен и едукација за користењето на ГПС-уредот Garmin Dakota – 20 кои ќе се користи при креирањето на планинарските патеки кои ги доби извиднички одред “Димитар Влахов“-Велес на конкурсот за јавни набавки распишан од страна на АППТ на РМ.
Јане Јанков