Издаваштво


 
 
Едукативна боенка
“ДЕЦА, МУДРО ТРОШЕТЕ ЈА ЕНЕРГИЈАТА !”

Оваа едукативна боенка е составена од 15 илустрации кои што треба да се избојат и со тоа кај децата на возраст од 6 до 7 години треба да се развие креативност кои што е насочени кон заштедата на енергијата.
Илустрациите кои се наоѓаат во боенкат прикажуваат:
– Звучна енергија
– Бесплатна енергија (сонце)
– Мамо, користи ја правилно електричнат енергија
– Не го оставај отворен ! (фрижидерот)
– Тато, не ја заборавај чешмата !
– Брзо вклучи – брзо исклучи !
– Угаси ја светилката !
– За побрзо вриење користи го поклопецот !
– Избегнувај ја топлата вода !
– Вклучи – on
– Исклучи – off
– Не ја заборавај вклучена ! (пеглата)
– Користете ја енергијата на ветерот !
– Брзо отвори – брзо затвори ! (славината)
– Почесто да е … (прекинувачот да е исклучен)
– Запри ја топлината – ќе побегне. ( од дневната соба)
Едукативната боенка “Деца, мудро трошете ја енергијата!” е финансирана од страна на Регионалниот Еколошки Центар.
 

Боенката ја подготви: проф. Ангелче Гушев – Гуше 

 

Компјутерска обработка:  Редакцијата на извидничката ревија “Извиднички Репортер”

 

Корица: Совет на водачи на ИО “Димитар Влахов” 

 

 
ПАТРОЛЕН ДНЕВНИК

Патролниот дневник кои што за прв од ваков вид се појавува во Македонија ја има следната концепција

– насловна страна
(идејата за насловната страна на Патролниот дневник беше на членовите на Советот на водачи при ИО “Димитар Влахов”,
– фотографија на патролата
(ова место од дневникот е посветено за групна фотографија со димензии 13см. должина и 7см. ширина, на која ќе бидат фотографирани сите членови на патролата заедно со нивниот водач)
– краток историјат на патролата
(во овој дел потребно е накратко, на една страница да се напише историјатот на патролата: датумот и местото на формирање на патролата, иницијативата за формирањето на патролата, првичниот број членови на патролата и сл.)
– опис на знакот на патролата
(овој дел од половина страна е наменет за запишување на начинот на којшто е добиен знакот на патролата и за негово подетално опишување)
– опис на името на патролата
(во овој дел е потребно да се опише начинот на кој е добиено името на патролата, неговото симболичко значење итн.)
– евиденција на членството на патролата
(оваа рубрика е првата пообемна рубрика застапена на околу дваесетина страни од дневникот. Во неа влегуваат личните податоци за членот – име, презиме, извидничко име, датум на раѓање, место на раѓање, домашна адреса, телефонски број, број на извидничката легитимација, должноста т.е. функцијата во патролата, податоци за родителите, полагање на разни вештарства, јазли, сонца, извидник рис, посетата на разни семинари, школи и советувања, учеството на акции, натпревари, хајкови, маршеви и логорувања, пофалбите, наградите и казните; потоа, датумот кога членот се вклучил, т.е. ја напуштил патролата и др.)
– активности на патролата
(оваа рубриката е застапена во Патролниот дневник и е наменета за евидентирање на присуството на членовите на патролата на патролните активности)
– дневник на патролата
(оваа рубрика е најголема и вклучува планирање на активностите за четири тромесечија, евиденција на реализираните активности, оценки за планираните и остварени активности од страна на водачот на патролата и началникот на одредот)
– финансии
(оваа рубрика се забележат сите приходи и расходи на патролата во текот на нејзината работа)
– патролен инвентар
(застапеноста на рубриката нуди услови за прегледно и точно вршење попис на патролниот инвентар, вклучувајќи податоци за сопственикот на предметот, датумот кога тој е изнајмен или добиен, датумот кога тој треба да се врати …)
– адресар
(оваа рубрика во Патролниот дневник нуди можност за запишување на личните податоци на 32 извидници)
– спомени
(крајот на дневникот служат за забележување на најинтересните случки и настани поврзани со патролата, кои ќе останат засекогаш запаметени од нејзините членови)
– резиме на патролата
(на оваа страничка пожелно е во кратки црти да се забележи што станало потоа со патролата т.е. со секој нејзин член; дали продолжил или, пак, се откажал од членувањето во патролата и одредот и сл.)

Патролниот дневник го подготви: проф. Ангелче Гушев – Гуше

Соработник на брошурата: Димче Апасиев

Компјутерска обработка: Редакцијата на извидничката ревија “Извиднички Репортер”

Корица: Совет на водачи на ИО “Димитар Влахов” 

 
Следна >>>                                                                                                            <<< Претходна