Препознатливи бизниси

DSC01984Во организација на на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес и Здружението Центар за кинезиологија Велес, а со поддршка од страна на Швајцарската амбасада, Агенцијата за иновации во руралната економија и Локалната Акциона Група Вардар Леадер  се организараше младински камп. Кампот “Млади претприемачи – носители на малдински рурален туризам“ беше посетен од страна на повеќе од 50  учесници од општините Велес,  Чашка и Градско како и учесници од Скопје, Штип, Прилеп и Св. Николе. Кампот се реализираше во период од 8 до 10 септември 2017 година во Извиднички центар  Голозинци, село Голозинци , Општина Чашка.
Имено младите волонтери од Велес, Чашка и Градско имаа можност да се стекнат со нови искуства и запознаат со дел од претприемачите во делот на сточарство, пчеларство, производство на ориз, грнчарство , собирање на лековите билки и рурален туризам.
Младите поделени во групи со искусни извидници имаа можност да се стекнат со искуство за движење во просторот (хајк, запознавање на старата архитектура на Општина Чашка и препознатливите бизниси).
Секоја група мотивирана од локалните претприемачи , работеше на определен мал семеен бизнис и тоа :
–    СТОЧАРСТВО
–    ПЧЕЛАРСТВО
–    ГРНЧАРСТВО
–    РИБАРСТВО
–    БИЛКАРСТВО
Работата во мали групи со млади лица, мотивирани од претприемачите како и активните извиднички методи за работа со млади допринесоа кон развивање на форми на еко- етно младински рурален туризам.
Квалитетот на работилниците се зголеми и со искуствата од гостите од Хрватска, Риека кои земаа активно учество во делот на работилниците за развој на рибарство како и Шабац, Србија несебично го исразија своето знање во рибарството. Гостите од Бања Лука, Босна и Херцеговина со учество во делот на сточарството и грнчарството и од Ниш, Србија , во група пчеларство.

DSC02010
Младите го посетија и се запознаа на лице место со развој на рибарството кај стопанственикот ТОПОЛКА 2000, Игор Јанкуловски во Голозинци. Кај производителот на ориз и сточарството препознатлив развој на мал бизнис, одгледување на крави во Еловец, кај Џемази Ахмедов, и интерес пројавен за пчеласртвото односно кошови плетени од лешници. Развој на пчеларство имаа можност да запознаат Диме Коцев, Еловец.
За сите учесници имаше обезбедено извиднички униформи како и маици со лога на донаторите.
Вклучувањето на младите во реализирање на локални активности допринесува кон промоција и на неформалното образование. Имено младите се чувствуваа горди за време на нивната презентација и можноста за развивање и имплементација на младинскиот волонтеризам.

DSC02060
Овој проект покажаа дека има можност да се работи со млади кои сакаат да дејствуваат во руралните средини доколку им се овозможат активности и можности со ниско буџетски средства. Младите сакаат да престојуваат во природа и сите активности за младите организирани надвор се атрактивни и несекојдневни.
Искуството кое што беше стекнато преку организираниот хајк и запознавањето со локаната стара архитектура исто така предизвикува интерес кај младите од причина што тие не се во можност да имаа секојдневен престој во природа.
Ова е позитивно искуство и можност ЛАГ да ги мобилизира луѓето од руралните средини и воедно да ја постигнува својата цел, да работи на подобрување на капацитетите на човечките ресирси и да се негува културно-историското и природно наследство со што се поттикнува активно и креативно учество на младите во развојот.
Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес го направи првиот чекор во поттикнување на економскиот развој и можноста за мотивирање на младите кои се движечка сила во локалните средини за размислување и поттикнување и започнување на сопствен бизнис.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.