Локален Aкционен План за Млади 2020 -2022

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ реализирајќи го проектот “Младите носители на промените“ го креираше усогласен со Стратегијата за млади, Локалниот Акционен План за млади за Општина Чашка. Локалнниот акционен план за млади на Општина Чашка е за период 2020 до 2022 година и истата опфаќа: младинско информирање, младинско учество, локална младинска работа – вработување и образование (формално и неформаплно), квалитет на живот.Целите, мерките, активностите во ЛАПот се со временска
рамка на спроведување за период од 2020 – 2022 година. ЛАП от овозможува делување на сите младински органзиации и здруженија на граѓани кои делуваат на територија на Општина Чашка преку форми на соработка и партнерство со сите локални, регионални и национални, домашни и странски иснтитуции.

Предложените мерки и акции имаат можност да се реализираат со финансиски средства и поддршка од локалната самоуправа, здруженија на граѓани,јавни и образовни инстотуции, домашни и странски донатори, фондации и институции од локално , регионално и национално значење. Преку целите, акциите и задачите ќе се подобри и овозможи подобар квалитет на живот на младите и формите на младинско здружување и вмрежување.

“Младите носители на промените” е проект спроведуван од извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес . Овој проект е добиен во рамки на „Граѓанскиот ресурсен центар “ финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски
иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип.“

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.