Активности

Давање на Завед
Во месец ноември, Старешинството и Советот на водачи за своето ново членство организира давање на завет кои што се организира во извидничкиот центар “Голозинци” во Голозинци. Тука новото членство после тримесечниот подготвителен период и официјално се прима во редовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов”
      
 Средби на извидници
Започнувајќи од 1974 година нашиот одред ги организира традиционалните одредски “Средби на извидници”. Средбите се одржуваа на терените на градот Велес, потоа на терените на спортско – рекреативниот локалите езеро “Младост” и на терените на општината Чашка, во извидничкиот центар “Голозинци”.Сите досегашни одржани средби се реализираа под определено мото се со цел, да се одбележат определени моменти во извидничкото движење.На Средбите учество земаа извиднички патроли од сите извиднички одреди од Македонија и поранешните ЈУ републики. Средбите имаат натпреварувачки карактер од областа на ориентацијата и топографијата.