Велешките извидници на 38 ИОВ “Чика Драги“ во Ниш

Братскиот одред на велешката извидничка организација, извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш, Република Србија, во периодот од 17-19.5.2013 год. во близина на Ниш, во Кнез село, го организираше 38 извиднинички ориентационен иповеќебој – меријал “Чика Драги 2013“. На овој меморијал учество земаа 28 екипи во категорија на помлади извидници и извидници.Во рамките на меморијалот за сите учесници покрај класичнат програма опфатена со ориентација и топографија на непознат терен се организираше и посета на манифестацијата “Ноќ на музеите“ која се организираше на 18.5.2013 год. (сабота) на територијата на град Ниш. извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема учество на оваа манифестација со одредска делегација во состав Ангелче Гушев и Златко Ристов. Во рамките на оваа посета нашата одредска делегација договори понатамошни активности со одредот домаќин.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.