Издаваштво

 

Едукативна брошура
СТОП ЗА АЛКОХОЛОТ

Оваа едукативна брошура е составена како резултат на проектното работење на ИО “Димитар Влахов” во склоп на проектот “На чистата страна на животот” финансиран од страна на Институтот за трајни заедници, преку кои што треба да се добие Акциониот плн за борба против алкохолот, дрогата и пушењето за општината Велес.
Брошурата ги обработува практичните совети и искуства кои што се насочени кон борба против алкохолот.

Брошурата ја подготви: проф. Ангелче Гушев – Гуше

 
Компјутерска обработка:Редакцијата на извидничката ревија “Извиднички Репортер”
 
Корица: Совет на водачи на ИО “Димитар Влахов”, Велес
 
 

               
 
Компакт дискови
      МУЛТИМЕДИЈАЛЕН СКАУТИЗАМ  и ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД ДИМИТАР ВЛАХОВ 

 
Со компакт дисковите “Мултимедијален скаутизам”  и Извиднички одред Димитар  се има за цел да се добијат информации за активности поврзани со  неформалното обрзование за млади до 20 години.
Овие информации ќе бидат претставени    преку вертикална прогресивно – стимулативна програма организирна во следните подрачја: татковина – заедништво, извидништвото – младинско движење, младите и природата,  здравје и хигиена, служење и водство , култура, спорт и забава,  рачна работа и други вештини, превентива од болести на зависности
Покрај ова  на ЦД-а ке се претстават и активности се наменети за деца и млади до 20 години, а преку нив  се промовира волонтерската работа, одговорноста, ненасил-ното решавање на конфликти, водството и сл.
Споменатите  ЦД-а беа поделени до државните институции (министерства, агенции, основните и средни училишта), младинските и други НВОи за да преку нив се поттикне организирање на активности за споменатата целна група, а со тоа и ќе се изврши инволвирање на младата популација во општествените текови на живеење.
Со програмските активностите што се ќе се понудат на ЦД ќе се предизвика следното: допринос во развојот на младите луѓе во достигнувањето на нивните потполни, физички, интелектуални, општествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници, како и на меѓународната заедница.    
 
Автор: проф. Ангелче Гушев – Гуше
 
Соработници: Ненад Андреевски и Никола Курчиев 
 
Техничка подготовка:Редакцијата на извидничката ревија “Извиднички Репортер”
 
Омот: Совет на водачи на ИО “Димитар Влахов”, Велес

 
 

 

 
ПАКЕТ на упатства за планирање и реализирање на младински активности

Во овој пакет се содржани следните упатства за планирање и организирање на младински активности
 
– Одиме на излет
– Бивак
– Сите за еден, еден за сите
– Да засадиме дрво
– Изработка на кукичка за птици
– Да ја запознаеме природата
– Јака желба
– Борба против алкохолот и цигарите
– Што гледаме
– Нина 523 472
 
Сите овие упатства содржат и рубрики за:
 
– реализатор, категорија, подрачје на развој, место на одржување, времетраење и број на учесници,
– потребен материјал
– цел на активноста
– кои образовни цели ке се стекнат со помош на активноста
– опис на активноста
– што ќе се постигне со оваа активност
– како да извршиме вреднување на активноста
– забелешка
– ваше искуство со реализација на оваа активност
 
Упатствата се изработени по раководство на Дејан Ѓоргиев  
 
Графичка подготовка: проф. Ангелче Гушев – Гуше и Борис Таневски  

 
 
 
 Следна>>>                                                                                                                             <<< Претходна